Македонските власти ги потопија надежите за бугарски пасоши врз основа на пописот


Можно е претседателот Радев да се појави како „независен играч“ со платформа што ќе ги обедини сите партии против ГЕРБ

Македонските власти ги потопија надежите на културниот центар во Битола – што ги поздрави  претседателот Румен Радев – дека секој што ќе се регистрира како Бугарин на претстојниот попис во земјата, може да добие бугарско државјанство по скратена постапка, пренесува бугарски „Дневник“, посочувајќи дека тоа е епилог на пораките од Заводот за статистика во Македонија. 

„Последниве денови некои медиуми во земјата ја коментираа идејата за Центарот за култура ‘Иван Михаилов’, кој испрати такво писмо до претседателот Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.  Со оглед на тоа што повеќе од 100.000 луѓе станаа бугарски државјани, а ‘десетици илјади’ го чекаат ова, според нив можноста да се докаже со копија од формуларот од пописот дека некој се чувствува Бугарин може да ја олесни постапката. Таквата идеја, сепак, ќе биде исполнета со измешани чувства во Бугарија и Северна Македонија.

Во Бугарија се ближат изборите, но има и спомени од шемите за доделување бугарско државјанство во последните неколку години, кои ја разнишаа Државната агенција за Бугарите во странство. Како дополнение, се создаде предуслов за секој што сака да се идентификува како Бугарин. па и ако е Албанец, Влав, Бошњак, Турчин или дел од некоја од другите групи. Во Северна Македонија претстои попис, важен не само заради спорот околу историјата и политиката со Бугарија, туку и заради односот меѓу етничките Македонци и Албанците, кој не е проверен 20 години. Претседателот Румен Радев по повод писмото до бугарските институции повика бугарските власти ‘да ги олеснат процедурите за стекнување бугарско државјанство за оние кои отворено го изјаснуваат својот бугарски идентитет’. Според него, ‘институциите кај нашиот југозападен сосед треба да го гарантираат правото на нашите сонародници да се самоидентификуваат како Бугари по потекло во согласност со принципите на меѓународното право’.

Бугарите во моментов немаат малцински статус на рамноправно ниво со другите групи – не само Албанците, туку и Србите, Бошњаците, Турците, Власите и Ромите – и не се специфично назначени како група со не-македонско потекло. Прашањето е деликатно и поради споровите околу тоа дали Скопје ги охрабрува обидите да се зборува за „македонско малцинство“ во регионот на Пирин. Иако е можно да се изрази припадност кон бугарската етничка група на пописот, не е можно да се добие фотокопија од пописните списоци. Методологијата за попис јасно вели дека припадноста кон етничка заедница е едно од најчувствителните прашања и ништо не треба да влијае на одговорот – попишувачот треба да го праша лицето само за неговата припадност, а не да му чита на предложените одговори. Ако одговорот на испитаникот не се совпадне со кој било од нив, тој се додава.Прашањето дали да има посебна рубрика ‘Бугари’ и дали тоа би поттикнало повеќе луѓе да се декларираат,  не доби недвосмислен одговор на јавните дебати во земјата кога беа покренати. Во исто време, на пописот од 2002 година беа идентификувани само 1.417 лица како Бугари. Бугарските организации тврдат дека вистинскиот број е повеќекратно поголем, но многумина избираат да не го дадат“, пишува „Дневник“.