Македонските тенисерки убедливи против Исланд


Женската тениска репрезентација на Македонија славеше со убедливи 3:0 и против Исланд во четвртото коло од Третата европска зона на Били Џин Кинг купот.

Магдалена Стоилковска беше надмоќна (6:1, 6:0) против Ана Софиа Гронхолм, додека Лина Ѓорческа исто така лесно, со 6:2, 6:0 ја победи Софиа Солеј Јонасдотир.

Во дабл-конкуренција настапија помладите тенисерки Ива Данева и Александра Симева, кои беа подобри од Гронхолм и Јонасдотир со 2:0 во сетови, славејќи со 6:3 и 6:3.

Македонија утре во последниот меч од групата Б ќе се соочи против Молдавија.