Македонските ракометари вечер против Франција: Пресметки за како понатаму


Машката репрезентација на Македонија вечерва во Вараждин против големиот фаворит за медал Франција ќе го одигра последниот натпревар во втората фаза на СП 2025.

По одличните игри и резулати на претходните пет средби, избраниците на Лазаров во последниот дуел од втората фаза влегуваат со теоретски шанси за пласман во големото мунијалско четврфинале. Но, играат натпревар кој не смееме да го загубиме.

За место меѓу осумте најдобри на 29 Светски шампионат потребни ни се три големи работи: Триумф над Франција или реми, но и резултати во наша корист на дуелите Холандија – Австрија односно Катар – Унгарија.

*Ако ја победиме Франција, треба Холандија да ремизира или загуби од Австрија, а Унгарија да ремизира или загуби од Катар.

*Ако ние ремизираме со Франција, а Холандија и Унгарија загубат од Австрија и Катар, во тој случај ќе решава гол-разликата.

Инаку пред денешната програма Македонија е на делба на третата позиција со Холандија со по четири бода. На првото место со 8 бода и со обезбедено четвртфинале е Франција, пред Унгарците со пет.