Македонските ракометари против Луксембург ги отвораат квалификациите за ЕП 2024


Фото: Б. Грданоски

Македонската ракометна репрезентација вечер против Луксембург ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2024.

Селекторот Кирил Лазаров во овој квалификациски циклус ја подмлади репрезентацијата со оглед на неговото и завршувањето на репрезентативните кариери на Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски.

Лазаров најави брза игра и затоа како што вели повикани се ракометари кои можат да играат во два правци.

Натпреварот ќе се игра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Ракометната федерација на Македонија се одлучи за популарни цени на влезниците – 50 и 100 денари, кои ќе можат да се набават во продажна мрежа на „МК Тикетс“.