Македонските фудбалери против Лихтенштајн со темни дресови за жртвите во Кочани

Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуц во рамки на мундијалските квалификации. Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуц во рамки на мундијалските квалификации.
На трибините на стадионот „Рајн Парк“ се очекува над 1.000 навивачи да ја бодрат македонската репрезентација до кои преку социјалните мрежи се апелира да бидат облечени во црно и со себе од навивачки реквизити да понесат само знамиња и шалови.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани изминатиот викенд загинаа 59 лица, а 196 се повредени.
Со натпреварот, кој е закажан во 15 часот, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги стартуваат квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.