Македонските „Анонимуси“ го урнаа официјалниот сајт на Дуа Липа


По вчерашните пораки на АнинимусМКД на страниците на МОН и Министерството за здравство во кои тие го искажуваат својот револт поради негрижата за здравјето и животот на народот, тие информираа и дека го урнале официјалниот сајт на Дуа Липа.

Хакерската група објави на Твитер дека ѝ го преземале официјалниот сајт на Дуа Липа во знак на револт и дека нема да биде функционален 1 час, а со тоа сакаат да докажат дека навистина имаат моќ, на сите оние кои не веруваат дека имаат капацитет за големи работи.

Ваквата реакција следи по фотографиите што ги објави на социјалните мрежи за Голема Албанија и пораките за Косово, па на сметка на британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, пристигнаа лавина реакции од регионот, но и од светот.

Подоцна, пејачката се обиде да се „извлече“ со објавата дека била погрешно сфатена.