Македонскиот фудбалер Музафер Ејупи уапсен во Копривница


Македонскиот фудбалер Музафер Ејупи (31) е уапсен во Копривница по тепачка во која тешко е повреден 53-годишен маж. Хрватските медиуми пишуваат дека целиот град зборува за тепачката што се случила во средата во попладневните часови.

Фудбалерот на Славен Белупо бил во друштво на својот пријател, кој влегол во конфликт со повозрасен маж. Се придружил во кавгата што резултирала со тепачка. Сите тројца се здобиле со повреди, а двајца од нив, меѓу кои и Ејупи, завршиле во болница. Кавгата, наводно, била поради паркинг-простор.

Од полицијата во Копривница го потврдија инцидентот, а од клубот велат дека ќе ги почекаат официјалните податоци, па ќе реагираат.