Македонскиот „БтоБет“ со раст од 92 отсто во 2022


Македонскиот „БтоБет“ (BtoBet) дел од „НеоГејмс“ (NeoGames) групацијата која котира на њујоршката Nasdaq берза забележа рекорден финансиски раст во 2022 година. ИТ компанијата објави зголемување од 92,2 отсто на нето приходите во 2022 споредено со резултатите од 2021 година, и тоа не сметајќи ги трансакциите остварени меѓу компаниите од групацијата. Само во четвртиот квартал на претходната 2022 компанијата остварила пораст од рекордни 65,2 отсто во споредба со истиот квартал од 2021 година, бележејќи огромен напредок и дополнително зацврстувајќи ја својата, но и позицијата на групацијата на глобалниот пазар.

Рекордните финансиски резултати се должат на добро поставената компаниска стратегија, но и континуираното унапредување на својата понуда за постојните и потенцијалните партнери во светски рамки.

Профитабилниот раст се очекува да продолжи и во 2023, која BtoBet заедно со сестринските NeoGames и Aspire Global ја започна со потпишување на повеќегодишно партнерство со првиот регулиран оператор за електронска лотарија и електронско спортско обложување во Бразил, Loto Minas. Склученото партнерство претставува револуционерен чекор на бразилскиот пазар кој има колосален потенцијал и кој наскоро се очекува целосно да биде регулиран.

Ова е и прва поголема соработка на компаниите во групацијата по остварената аквизиција, преку која имаат можност да го капитализираат своето широко портфолио на високотехнолошки продукти и услуги.