Македонски телеком донира картички за интернет за непречено образование на децата


Особено сега е важна солидарноста на сите чинители на општеството, порача министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски.

– Договорот што денеска го потпишавме со Македонски телеком, овозможува образованието да биде достапен за сите. Имајќи предвид дека некои немаат интернет по дома, Македонски телеком донира 18.400 картички со 10 гб интернет месечно на социјално загрозени семејства кои имаат ученици во основно и средно образование – додаде Манчевски.

Интернетот ќе биде наменет само за пристап до алатките за следење на наставата.

Дистрибуцијата до семејствата кои имаат потреба од интернет, а имаат деца во основно и во средно образование ќе ја спроведува Министерството за труд и социјална политика.