Македонски сликарки на меѓународна изложба во Трст


Четиринаесет сликарки и склупторки од регионот на Централна и Источна Европа, меѓу кои инеколку  од Македонија се дел од меѓународната изложба во Трст насловена како „Културните конекции – решение за иднината“.

На изложбата , која се отвора утре а ќе трае до крајот на овој месец, се  преставени дела на Жани Гелевска, Симонида Филипова , Јасмина Трајковска  и Маргарита Киселичка, покрај други словенечки, италијански, српски, босански и други уметници.

Изложбата е дел од форумот за културна дипломатија што го организира нашата поранешна амбасадорка Марија Ефремова со Меѓународното здружение за соработка и културна дипломатија (AICDC),а кој е фокусиран на промоција на улогата на женаа во културната дипломатија, како начин да се промовира взаемно разбирање.