Македонски одговор до Москва – одлуките ги носиме самостојно


Фото: Б. Грданоски

 

Откако портапролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека испраќањето на македонски тенкови како помош за Украина било „голема грешка“, властите во Скопје соопштија дека Македонија ги носи своите одлуки самостојно.

Во заедничкото соопштение на Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана се вели дека Македонија е „суверена држава која одлуките ги носи самостојно, водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност.

Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, а пред сѐ во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила“.

Двете министерства нагласуваат дека Македонија досега донела неколку одлуки за воено–техничка помош за Украина за одбрана на нејзиниот територијален интегритет. И дека Македонија како членка на НАТО е посветена на слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации.

Македонија испрати тенкови „Т-72“ (не се наведува колку) како донација на Украина. Тие тенкови беа купени токму од Украина во врфеме на конфликтот  во 2001.