Македонски концепт го поднови раководството


Фото: Б. Грданоски

Откако беа распишани огласи за избор на генерален секретар, негов заменик, извршен директор и претседател на младината на Македонски концепт, неговиот Национален совет ги избра луѓето за тие функции.

Генерален секретар на Македонски концепт е Мартин Бошкоски, кој повеќе години работи во адвокатурата. Филип Дилевски е заменик-генерален секретар, кој е косопственик и извршен директор на консултантска куќа.

Антoниo Нeстoрoски, политиколог, е избран за извршен директор, а студентот на Економскиот факултет е претседател на Младински концепт.