Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, каде загина едно лице


Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец Елбасан – Пеќин, во која загина едно лице.

– На патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Мурас, дошло до судир на три возила, автомобил „Шкода”, управувано од А.И. (45) жител на Кучово кај Берат, „Алфа Ромео” управувано од Н.Х., како и автомобил „Мерцедес” управуван од Р.Б., државјанин на Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Во соопштението се додава дека во несреќата животот го загубила Г.И. (43) жителка на Кучово, која била сопатник во „Шкодата”. Со повреди се здобиле тројцата возачи на кои им е пружена потребна лекарска помош и тие се вон животна опасност.

Причина за несреќата, според првичните сознанија, е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење според условите на патот.