Македонски автори на саемот на книгата во Истанбул


Во рамките на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул, Турција в cабота , од 17:30 часот, македонските автори Славица Гаџова Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерски ќе се претстават со свои изданија, во рамките на проектот „Претставување на македонски автори во Истанбул“ во организација на издавачката куќа „Восток“.

За потребите на претставувањето пред турската читателска публика и турските издавачи, изготвен е каталог со извадоци од нивните прозни и поетски дела, преведени на турски јазик.

Меѓународниот саем на книгата во Истанбул е еден од водечките светски саеми за книга со посетеност од над милион посетители.

Настанот е поддржан од Министерството за Култура и Културно-информативниот Центар во Истанбул.