Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на СП во Словенија
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи од 22 до 25 октомври во Копер, Република Словенија.
Македонија ќе ја претставуваат 14 натпреварувачи во различни возрасни категории:
Сениори: Матеј Јарчевски
Кадети: Камелија Недев и Софија Јарчевска
Деца од 11 до 13 години: Филип Недев, Георги Кокорманов, Драган Стојановски и Миле Спанџев
Деца од 8 до 10 години: Тадеј Недев, Максим Поп Трпев, Коста Стојановски, Михаил Стојановски, Лина Ранова и Предраг Брезовски.
На ова големо меѓународно спортско натпреварување се очекува да учествуваат околу 1.500 натпреварувачи од 58 земји од светот.
Настапот на македонските каратисти претставува можност за афирмација на традиционалното карате и на македонскиот спорт на меѓународната сцена. На последното светско првенство кое се одржа во 2024 во Буенос Аирес, Аргентина Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати за сениори.