Македонската PR агенција IDEA LAB се приклучи на PROI Worldwide


IDEA LAB од Скопје, е избрана за партнерство во PROI Worldwide, водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 55 земји.

-Споделување на знаење и искуство со други сопственици на топ независни агенции е важна професионална и развојна иницијатива за IDEA LAB, изјави Димитар Атанасовски, сопственик и маркетинг директор на агенцијата, кој додава дека се навикнати да соработуваат со агенции на проекти низ балканскиот регион и ориентирани се кон вмрежување и проширување на опсег на поголемо ниво со помош на PROI Partners.

Циро Диас Реис, претседател на глобално ниво на PROI Worldwide и директор на водечката бразилска агенција, Imagem Corporativa, вели дека според нивната одлична соработка со други PROI агенции, среќни се да ги додадат IDEA LAB во нивната група на водечки претприемачки комуникациски компании.

Ема Анчевка, сопственик и тим директор на IDEA LAB потенцира дека секогаш се трудат да ги збогатат нивните кампањи со дополнителна вредност. 

-Овој начин на размислување го демонстрира креативниот труд што секој од нашиот тим го покажува преку својата работа, вели таа.

IDEA LAB е основана во 2013 година и е во сопственост на Димитар Атанасовски и Ема Анчевска.

PROI Worldwide опфаќа повеќе од 80 бизниси за односи со јавност и комуникации во 165 градови и 55 земји.