Македонската економија годинава ќе забележи пад од 4,9 отсто, предвидува Европската комисија


Македонската економија годинава ќе забележи пад од 4,9 отсто, предвидува Европската комисија во Есенските прогнози објавени денеска. Ова е влошување на прогнозата во однос на пролетните процени, кога ЕК предвидуваше пад на БДП од 3,9 отсто за македонската економија. Според ЕК, растот на БДП за Македонија во 2021 година ќе биде 3,8 отсто, а во 2022 година 3,5 отсто.

Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува „пригушена и по укинувањето на мерките за ограничување. Остриот пад на дознаките влијае негативно на трошоците на домаќинствата“, вели ЕК во делот на извештајот за нашата земја.

Како што се додава, постојат срамежливи знаци дека закрепнува надворешната побарувачка, а растот на приватната потрошувачка и инвестициите се предвидува да се вратат во четвртиот квартал.

„Водено од домашната побарувачка, целосно закрепнување на нивоата пред КОВИД веројатно ќе траат до 2022 година. Фискалниот дефицит, значително се проширува во 2020 година, се очекува да се намали постепено во 2021 и 2022 година“, констаттира ЕК. (M.J.)