„Македонска пошта“ ја нуди и услугата „Кеса на адреса“


Од „Македонски пошти“ ја промовираа услугата „Кеса на адреса“.

Имено, порачуваат дека се што ќе купите може по пошта да пратите до оној кому сте ги намениле производите.

Пратката стигнува на адреса за 5 часа.

„Купи и остави, а #ПоштаМКД ќе ти достави!“, е слоганот под кој работат.

„Донеси ги купените производи во Поштата во East Gate Mall и искористи ја новата услуга „Кеса на адреса“! Нудиме брза премиум услуга – достава за само неколку часа од преземање! Овозможуваме најниска цена од 100 денари, за пратки до 5 кг. во Скопје! Услугата „Кеса на адреса“ е достапна и во сабота и недела!“, велат од „Маедонска пошта“.