Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи


 

Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS) на 28 октомври го одобри приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата.

Полноправното членство во FEAS овозможува целосно користење на сите придобивки и услуги што ги обезбедува оваа Федерација, како што се деловна и промотивна поддршка, размена на знаења и искуства, пристап до истражувања и публикации, можност за учество на настани во нејзина организација и слично, соопшти Македонска берза АД Скопје.

Од 2016 година Македонска берза во FEAS беше со статус набљудувач.