Од Скопје до Мостар: Нов спот на Жељко Самарџиќ и „Црвена јабука“ (видео)


Жељко Самарџиќ и „Црвена Јабука“ објавија спот за песната “Aleje ljubavi”.

Музиката и текстот на песната ги напиша Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица.

Спотот се снимаше речиси цело лето на просторите на поранешна Југославија. Се почна од Скопје, па преку Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица до Скадарско езеро и Јадранско море и секако Мостар, родниот град на Жера и Жељко.

Главна улога во спотот е преубавата Македонка Иларија Кирилов.

Такво целокупно снимање на музички спот до сега не е забележано на овие простори, а секако има и поголемо значење зашто е сниман во време на пандемија од корона вирус.