Македонија загуби од Словенија на стартот на Европското првенство


Македонија со 27-25 загуби од Словенија на стартот на Европското првенство во ракомет.

Македонските ракометари одлично го отворија натпреварот, со 4-1, но Словенија се врати со серија од 6-0, го презеде водството и првиот дел го реши со три разлика, 13-10.

Голманот Мартин Томовски со осум одбрани успеа да го одржи македонскиот тим во игра во првите 30 минути.

Второто полувреме, нашите репрезентативци го почнаа со многу грешки. Грешки не изостанаа ни на страната на Словенците, па некако успеавме резултатски да парираме до крајот. Сепак, противникот успеа до крај во своја корист да има плус 3 или 4 разлика, а во 39 минута се вративме на минус еден 19-18, иако губевме со 17-12. Повторно се влезе во серија грешки, а Словенија тоа умешно го искористи.

Нашите репрезентативци одиграа одлично, без разлика на резултатот, а надеж дава и фактот што оваа генерација млади играчи докажа дека ракометот има иднина кај нас. Не се изплашија од големото натпреварување.

Најефикасен во нашиот тим беше Кузмановски со осум погодоци, голманот Томовски средбата ја заврши со 14 одбрани.

Македонија на 15 јануари во 18 часот игра против Црна Гора, а потоа следува натпреварот против Данска.