Македонија во второто полуфинале на Евросонг во Торино


Македонија ќе настапи во второто полуфинале,  во Пале Олимпико, на 12 мај, на Евросонг во Торино, Италија, а редоследот на настапи ќе биде одреден дополнително.

Во истата вечер со Македонија, ќе пеат и Србија, Црна Гора, Австралија, Грузија, Кипар, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.

Во првата полуфинална вечер ќе настапат претставниците на Албанија, Бугарија, Грција, Латвија, Швајцарија, Словенија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Русија, Португалија, Данска, Еврменија, Австрија и Исланд.

Кој ќе ја претставува нашата земја ќе се знае на четврти февруари. Во петок во емисијата ,,Стисни плеј” ќе бидат емитувани шесте песни кои беа избрани на конкурсот на МРТ, по што публиката ќе може да гласа за својот фаворит до 4-ти февруари.

Лара Иванова, Кали, Виктор Апостоловски, Рис Флауер, Јон Ајдини и Андреа Коевска се натпреварувачите на домашниот избор на песна за Евровизија.

66-тиот натпревар, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи, ќе се одржи во Пале Олимпико во Торино на 10, 12 и 14 мај 2022 година.
Сите 39 радиодифузери учесници од 2021 година се враќаат годинава. Ним ќе им се придружат RTCG од Црна Гора и ерменскиот национален радиодифузер ARMTV кои последен пат се натпреваруваа во 2019 година, кога исто така учествуваа 41 земја.

Од 41 нација што ќе учествуваат, 36 ќе се натпреваруваат во две полуфиналиња со по 10 песни од секое полуфинале, придружувајќи се на 4 од големите 5 (Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство) и домаќинот Италија во големото финале.
Италија го доби правото на настанот следната година кога Манескин и ја донесе првата победа на нивната земја од 1990 година со песната „Zitti e Buoni“ на ланскиот натпревар во мај во Ротердам.
Раи ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија по трет пат, откако претходно го организираше настанот во Неапол во 1965 година и Рим во 1991 година.