Македонија утре игра со Лихтештајн, Милевски се надева на три бода

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, на денешната прес-конференција пред мечот со Лихтенштајн ги искажа своите очекувања.Како што рече предодникот на македонскиот национален тим, ќе се влезе без потценување и максимално сериозно и на овој, како и на сите натпревари.
„Според ранкингот Македонија е фаворит, но имаме максимален респект кон репрезентацијата на Лихтенштајн и кон сите противници. Нема фаворити на терен, има само на хартија. Ние сме решени да го дадеме максимумот за три бода, кои се најважни во моментов. Додека јас ја предводам оваа селекција, никогаш и на никаков натпревар нема да го потценам противникот, а најмалку Лихтенштајн кој покажува дека има свои амбиции и свој стил на игра. Затоа максимално сериозно работиме и се подготвуваме. Сето она што го правиме во последните денови, и оној меч со Саудиска Арабија, беше подготовка за овој меч. И повторно ќе кажам, се надевам на три бода“, изјави Милевски.
Милевски рече дека нема проблеми со повредени играчи, единствено еден суспендиран играч.
„Сите се во комбинација, сите се здрави, освен Висар Муслиу кој има жолти картони“, изјави Милевски.
„Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека не го отворивме резултатот. Сите сме свесни што нè очекува, направивме анализа и знаеме што треба да поправиме.Подготвени сме за дуелот, а три бода можат многу да ни значат за да го завршиме овој прозорец на првото место.Секогаш кога играме за Македонија мотив не е потребен, победата е нашата единствена цел“, изјави капитенот Енис Барди.
Утрешниот дуел Македонија – Лихтенштајн ќе почне во 18 часот, а може да го гледате и низ ТВ предност на МРТ.
Фото: Б. Грданоски