Македонија стана дел од „Евроконекшн маркет“ за копродукции на краток филм


Се отвори нова можност за македонските продуценти на краткометражни филмови кои бараат европски копродукции. Нашата земја стана дел од маркетот „Евроконекшн маркет“, кој веќе 10 години се одржува во рамките на еден од најголемите интернационални фестивали на краток филм „Clermont-Ferrand“. Ова се официјализираше на заедничката средба помеѓу Лорен Кузекс од „Евроконекшн“ и раководителот на „Медиа деск МК“, Бистра Георгиева, која се одржа за време на Канскиот филмски фестивал.

Во конкурсот за Автоматска дистрибуција (Distribution Automatic), македонскиот дистрибутер „Катвеј“ доби поддршка од 7.079 евра. „Медиа“ секоја година поддржува дистрибуција на околу 400 европски филма.