Македонија со водство од два гола против Украина на полувреме


Енис Барди (Фото: Б. Грданоски)

Барди и Елмас дадоа по еден гол на вечерашниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација, против Украина, за квалификациите на Европското првенство. 

Најпрво, мрежата на Украинците ја затресе Енис Барди, од пенал, а пред крајот на полувремето со одличен удар од 25 метри го совлада противничкиот голман.

Енис Барди (Фото: Б. Грданоски)

За пеналот, судијата Лукас Фендрих не виде чиста игра со рака, па ВАР го поправи и по прегледувањето на снимката покажа на белата точка.

Елиф Елмас (Фото: Б. Грданоски)

Проектилот од 25 метри на Елмас беше недофатлив за украинскиот чувар на мрежата, па ја донесе Македонија на голем чекор до победа.