Македонија со шест спортисти на Олимписките игри во Париз
Во шест различни спортови, македонските олимпијци ќе се бора против најдобрите спортисти на светот, на Олимписките игри во Париз, кои се одржуваат во главниот град на Фрација од 26 јуни до 11 август.
Македонската олимписка делегација утре тргнува за париз, а место со седум Македонија ќе се натпреварува со шест олимпијци, бидејќи пливачката Ива Петровска отпадна поради болест.
На Олимиските летни игри во Париз од Македонија заминуваат: Никола Ѓуретановиќ кој доби вајлд-карта од Светската пливачка федерација (ФИНА), борачот Владимир Егоров, златен од ЕП 2022 во Будимпешта, кој ќе настапи со олимписка А-норма, таеквондистката Милијана Рељиќ, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и атлетичарот Дарио Ивановски кој на 10 август ќе настапи на маратонската трка.
На денешната прес-конференција не беа присутни борецот Егоров и маратонецот Ивановски кои се на подотовки во Киргистан, односно Париз. Тие ќе се приклучат на македонската делегација во олимпиското село.
Пред медиумите говореше и Владо Богоевски, шефот на делегацијата кој вели дека МОК ќе биде сервис на македонските спортисти во Париз.
„Ова не е екипа на МОК, туку е државна делегација. Ние сме само сервис кој ги носи нашите спортисти во Париз. Поканет беше министерот за спорт, но не е на оваа прес-конференција. Се надевам дека ќе биде присутен на приемот кај претседателката на државата затоа што повторувам ова е делегација на Македонија, а не на МОК“, изјави Богоевски.