Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство

Македонската машка кошаркарска репрезентација ги загуби шансите за пласман на Евробаскетот 2025, откако вечерва претрпе пораз на гостински терен во Талија од Естонија со 84-65.
Македонија лошо го отвори натпреварот, но по негативата од пет поени во првата четвртина, влезе во ритам предводена од Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ и на полувреме замина со минимална предност од 39-38.
Клучната предност Естонија ја стекна во третата четвртина која ја реши во својата корист со 20-11, задржувајќи го водството до самиот крај.
Шортс со 21 и Димитријевиќ со 20 поени беа најефикасни во македонскиот состав.
Со овој пораз Македонија остана на последното место во групата со една победа од пет натпревари.
Во завршното коло во рамки на групата Х, Македонија на 24 овој месец ќе ја пречека Полска, која има обезбедено пласман на Европското првенство, како еден од четирите домаќини заедно со Летонија, Кипар и Финска.