Македонија со победа против Грција за крај на квалификациите и прво место во групата


Македонската ракометна репрезентација славеше против Грција во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година во Струмица со 27:23.

Нашата репрезентација слабо го стартуваше натпреварот и имаше негативата во поголемиот дел од првиот дел, но во последните десетина минути успеа да направи пресврт и на полувреме да замине со предност од 13:11.

Предноста од првото полувреме во вториот дел растеше и на крајот избраниците на Данило Брестовац дојдоа до убедлива победа од 27:23.

Првото полувреме започна лошо за нашиот тим, грчкиот голман успеа да фати три зицери на нашите репрезентативци, по што Грците го презедоа водството, до половина од првиот дел имаа предност и од три гола разлика, предноста ја држеа се до 20. минута,

Тоа се промени во финишот од првото полувреме, а во вториот дел, поагресивна игра во одбраната и концентрација во нападот, Македонија ја зголемуваше предноста, пред самиот финиш имаше и двоен цепелин со кој покажаа дека се далеку пред своите колеги од Грција кога станува збор за ракометот.

До крајот се играше рутинирано, шанса добија и дел од помладите ракометари кои одлично се покажаа пред струмичката публика.

Вреди да се истакне и одличниот настап на голманот Митревски кој успеа да собере 13 интервенции, а Лазаров со шест и Талески и Пешевски со по пет гола беа најдобри во редовите на нашата репрезентација.