Македонија со најголем пораст на ноќевања во Европа


Македонија во 2018 година остварила најголем пораст во Европа, во бројот на ноќевањата на туристи, а Крушево заедно со Скопје, Охрид и Битола се предводниците на тој раст, пишува веб-порталот https://www.travel-advisor.eu

Според овој портал, во Македонија има околу 250 категоризирани хотели и многу приватно сместување, па вкупно се проценува дека туристите на располагање имаат над 45.000 кревети. Најпосетувани се Скопје, Охрид, Битола, Крушево, планинските и винските региони. Порастот во бројот на туристичките посети од 22 отсто е голем успех и Македонија ја става на самиот врв на европските дестинации кога се говори за порастот на ноќевањата, пишува порталот.

Крушевските локални власти се повеќе од задоволни што градот е во врвот на дестинациите во Македонија пожелни за туристите. Во 2018 година општина Крушево забележува пораст од 67 отсто во бројот на ноќевањата и самото тоа укажува дека Крушево како дестинација станува се попопуларно. Општината во моментов реализира неколку проекти кои имаат цел да го унапредат Крушево како дестинација за авантуристичкиот туризам, но и да ја продолжат туристичката сезона во градот и во општината.