Македонија рутински ја совлада Гвинеја, оди во втората рунда
Македонската репрезентација ја оствари првата победа на Светското првенство во ракомет совладувајќи ја Гвинеја со 29-20 во рамки на последното трето коло, во рамки на групата Д. Сега нашата репрезентација ќе оди во главната фаза на турнирот каде што ќе пренесе еден бод и ќе се натпреварува со најдобрите три селекции од групата Ц, а тоа се Франција, Австрија и Катар.
Селекторот Кирил Лазаров реши да одмори неколку од стандардните играчи. Капитенот Филип Кузмановски повторно беше лидер во нападот и постигна 12 голови од 15 удари, а имаше и пет асистенции. Марко Кизиќ беше одличен на голот и имаше 15 одбрани.
Следниот натпревар го играме против Австрија во вторник, потоа во четврток со Катар, а во последното коло од главната фаза во сабота со фаворитот Франција. Сите натпревари повторно ги играме во Вараждин, како што беа и сите мечеви досега.