Македонија против Данска без Лазаров и Миркуловски


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи големи промени во составот за реванш мечот со Данска, што треба да се одигра попладнево во 16 часот во Алборг.

Нашиот најдобар ракометар одлучи заедно со Филип Миркуловски да го пресконат овој натпревар и да им даде шанса на помладите.

Претходно поради повреда во Скопје остана Стојанче Стоилов на негово место шанса добива Михаил Аларов.

Ново име во составот е Мартин Серафимов, кој заедно со Мартин Велковски ќе го менуваат капитенот, шанса добива и Ѓоргоски Емилијан.

Список на Македонија за дуелот со Данска:

  • МИТРЕВСКИ
  • МАНАСКОВ  
  • ВЕЛКОВСКИ
  • КУЗМАНОСКИ Ц.
  • ЃОРЃИЕВ
  • ТАЛЕСКИ
  • ТОМОВСКИ
  • МАРКОСКИ
  • КУЗМАНОВСКИ Ф.
  • КОСТЕСКИ
  • ГЕОРГИЕВСКИ
  • ЃОРГОСКИ
  • МЛАДЕНОВИЌ
  • АЛАРОВ
  • ПЕШЕВСКИ
  • СЕРАФИМОВ