Македонија пред десет години имала 2.000 лекари повеќе од сега


Профeсор доктор Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво алармира дека одливот на лекарите кои ја напуштаат Македонија е многу голем. Според него, гледано наназад пред десет години Македонија имала 2.000 доктори повеќе од сега.

„Ако пред 10 години во македонското лекарско друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400“, рече Димитров на трибина во Европската куќа во Скопје. На 4 февруари се одбележува Светскиот ден на борба против ракот и Европската куќа во Скопје организираше панел-дискусија на тема „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“.

Д-р Димитров кажа дека ракот на грлото на матката е еден од оние карциноми чиј број за жал, не опаѓа иако е една од најпревентибилните болести.

Панел дискусијата е продолжеток на успешната серија дебати на теми од здравството реализирани со поддршка на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и ЕУ амбасадорот Дејвид Гир во соработка со Клубот на млади лекари.