Македонија повторно на светската туристичка сцена со своето културно наследство


Управата за заштита на културното наследство во рамките на своите активности го промовира културното наследстбо на еден од најпрестижните саеми за археологија и туризам на 26 издание на Медитеранска Берза за Тиризам и Археологија во Пестум Италија од 31 10. до 03.11. 2024.

На оваа берза ќе бидат презентирани голем број на едиции од најпознатите Археолошки локалитети ( Стоби, Хераклеа, Стибера, Цареви Кули , Бонче, Билазора , Виничко Кале како и најпознатите манастири Зрзе, Трескавец. Курбиново, Шарената џамија и др .

На саемот присуствуваат повеќе од 40 земји од светот , со кои Управата во наредните денови ќе оствари контакти за понатамошна соработка во делот на заштитата и промоцијата на богатото културно наследство.