Македонија помеѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа


Фото: Б. Грданоски

Одењето од точка А до точка Б можеби не е исто искуство низ цела Европа. Јавниот превоз има големо влијание врз целокупното задоволство на жителите од градот во кој живеат се вели во истражувањето на „Еуроњуз“.

Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија. Сепак, постои огромен јаз во нивото на задоволство од јавниот транспорт низ европските градови.

Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

Нависоко задоволство од јавниот превоз има во Австрија, каде што дури 91% се задоволни од тоа како функционира јавниот превоз.

Македонија е меѓу последните земји на оваа листа односно шеста од назад. Италија и Албанија се полоши од нас каде довербата во јавниот превоз е 29 отсто со искулучок на Рим каде задоволството на жителите е околу 50 %. Следува Црна Гора со 37%, Србија и Кипар со 44% задоволни граѓани, додека во Македонија задоволство од јавниот превоз искажале 47% од граѓаните.