Македонија остана без Светското првенство во ракомет

ИХФ двете вајлд-карти за настап на Светското првенство што ќе се одржи во јануари во Египет им ги додели на Полска и Русија. Македонија беше прва според резултатите на последното ЕП, со јасна препорака од ЕХФ до ИХФ дека сме први во редот за добивање на вајлд карта.

Но, светската федерација им даде предност на Полска која на ЕП заврши на 21 место и Русија која беше 22-ра.

Ова е прв пат по една деценија да пропуштиме ракометен Мундијал, откако претходно го пропуштивме СП во Шведска во 2011 година.