„Македонија никогаш нема да стане правна држава“: Професорот Калајџиев гневен откако обвинителството го „помилува“ Бојан Христовски

Професорот на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев, е и резигниран и гневен откако обвнителството ја отфрли кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, и го „испра“ од сомнителниот серитификат за англиски јазик издаден во Бугарија.
Тој вели дека му е срам што живее во држава која ги лаже граѓаните во очи.
„Ме фати срам што живеам во држава што граѓаните ги лаже во очи. Ова со сертификатот на директорот на АНБ е одговор на прашањето кога Македонија ќе стане правна држава наместо удбашка: НИКОГАШ!!!
Сакаме да го видиме одговорот за сертификатот на АНБ од Бугарија“, напиша Калајџиев на фејсбук.