Македонија најмногу крахирала во Западниот Балкан во привлекувањето странски инвестиции
Според табелата за прилив на странски директни инвестиции на Балканот за 2025 година, споредена со 2024 година, Македонија покажала најлош резултат.
Имено, податоците покажуваат дека Косово имало најголем раст, односно за 30% повеќе инвестиции од претходната година, по што следуваат Словенија (+19%) и Црна Гора (+8%).
Спротивно на тоа, Северна Македонија имала огромен пад (-61%), а пад имаат и Србија (-51%) и Хрватска (-37%).