Македонија на гости кај Полска: Респект за домаќинот, но играме за историја


Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски пред денешниот натпревар против Полска во квалификациите за ЕП 2020 изјави дека не е важно против кого играме, туку за што играме.

– Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за нешто, ќе видиме. Можам да кажам дека уживам во моментов со овие момци кои го даваат максимумот на секој меч, вели Ангеловски.

Според него, напаѓачот Роберт Левандовски е најопасниот играч на Полска.

– Ме импресионираше уште кога играше за Борусија. Но мене ме импресионираат и моите фудбалери и она што тие го покажуваат во моментов, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Натпреварот Полска-Македонија се игра во Варшава со почеток од 20:45 часот.