Македонија на дното во Европа според помошта на економијата


Македонија и понатаму останува на дното на листата на земји во Европа по издвоени пари за економска помош на стопанството поради корона-кризата. Ова го покажува анализата на Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Србија. Меѓу земјите во регионот најмногу тежи подршката од Србија и таа изнесува високи 11 проценти од бруто-домашниот производ, по неа е Бугарија до 9,9 проценти од БДП и Грција до 5 проценти. Хрватска и Босна со приближо исти одвојувања од 3 и 3 и пол проценти од БДП. Последна на листата е Македонија со 1,2 проценти, а пред нас се наоѓа Албанија со 1,3 проценти од БДП.

„Најголем процент од БДП имаат дадено Германија и Финска околу 20 проценти од нивниот бруто- домашен производ директна помош на стопанството поради коронавирусот. Србија со 11 проценти од својот БДП е број еден во Југосточна Европа.

Во истажувањето се земени вкупно 36 европски земји. Геманија издвоила 20,3% од БДП, а Франција 17. Според анализата, сите земји економските пакети ги креирале во насока на одложување и намалување на даноците, финансиска поддршка на комапаниите и одржување на ликвидноста на фирмите. Мерката за субвенционирана минимална плата е застапена кај 10 од 36 земји вкучувајќи нè и нас. Неколку развиени земји се одлучиле за надоместок за скратено работно време, мерка која ја користеше Герамнија во кризата во 2008 година.

Економскиот пакет на земјава според Владата тежи 200 милиони евра. Инаку, Македонија беше рангирана на дното во Европа според помошта за спас на економијата и според компаративната анализа со податоци од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Институтот за истражување на економијата „Сазадвеѓ“ од Унгарија.