Македонија ќе го одбележи учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и шпанскиот премиер Педро Санчез вчера во Севиља разговааа на многу теми, вклучувајќи го и соодветното одбележување на учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна.
Граѓанската војна во Шпанија траеше од 1936 до 1939 година и се водеше меѓу републиканците, кои ја поддржуваа демократски избраната Втора шпанска република, и националистите предводени од генералот Франциско Франко. Војната заврши со победа на националистите и воспоставување на дикататура на Франко, која заврши со неговата смрт во 1975.
Во Шпанската граѓанска војна учествува над 40 борци од Македонија, главно од прогресивните кругови, меѓу кои најбројни беа комунистите. Голем дел од нив беа дел од славната бригада „Гарибалди“. Повеќето од македонските борци загинаа во Шпанија.
На средбата која се одржуваше во рамките на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот Сиљановска му рекла на Санчез дека тешките македонски компромиси треба да бидат соодветно вреднувани од Европската унија. Таа ја повторила позицијата дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во пристапниот процес. Премиерот Санчез изјавил дека Шпанија е заинтересирана за зголемена економска соработка во делот на туризмот, инфраструктурата, земјоделието, енергетиката, соларната енергија и управувањето со водните ресурси.