Македонија има модерна текстилна индустрија (капсулни колекции + фото)


Во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија и во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер викендов во домот за Млади во Штип се одржа модниот перформанс наречен “Денови на текстилната индустрија – промоција на младата  генерација” во склоп на проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија “Модерната текстилна индустрија како привлечна  кариера  за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион  јули 2019 – ноември 2020”.

„Димитар Мирасчиев“ (Штип)

Текстилната индустрија во прекуграничниот регион има важна улога за економиите на двете земји, обезбедува значително високи приходи од извоз и придонесува кон одржливо регионално вработување. Индустријата има потенцијал за раст, но нема млада, иновативна и креативна работна сила. Додека текстилните компании значително ги подобруваа условите за работа и ги почитуваат принципите на добра општествена одговорност на компаниите, учениците се уште не се свесни за тоа и не гледаат во овој сектор потенцијал за идно вработување.

„Димитар Мирасчиев“ (Штип)

Целта на овој настан на кој претходеше посета на производни капацитети од ученици од основните и средните училишта, како и менторска работа со дизајнерката Ирина Тошева, беше да се воспостави соработка меѓу образованието и бизнис секторот во насока на прикажување на потенцијалите на текстилната и модната индустрија кои би ги привлекле учениците по школувањето да станат дел од овие гранки.

„Димитар Мирасчиев“ (Штип)

“Преку стимулација на креативното изразување на младите ученици и студенти и со голема поддршка на нивните професори, успеавме да развиеме модели кои покажаа дека кај младите постои голем потенцијал за вклучување во текстилниот сектор”, – изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.

„Димитар Мирасчиев“ (Штип)

На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа ученици од пет средни текстилни училишта: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар” – (Македонска Каменица), Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“ (Делчево)  и  студентите од  Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” (Штип).

„Димитар Мирасчиев“ (Штип)

Иницијативата започна во декември 2019, а заврши со модна ревија која се случи оваа сабoта во Штип. За време на настанот гостите можеа да ја погледнат и изложбата на модни скици изработени од учениците, инспирирани од “Современата текстилна индустрија.

Ванчо Прке Виница

За квалитетна реализација на настанот активно учество и поддршка  дадоа и Домот за Млади во Штип, музичкиот дует “Марија и Горан” кој ја воодушеви публиката со својот перформанс во живо, како и  долгогодишниот поддржувач на текстилниот кластер винаријата „Тиквеш“.

Ванчо Прке Виница

За шминката на манекенките се погрижи „Farmasi“ во соработка со Школа за убавина Арт, а за фризурите одговорен беше „Студио Кат Кат од Штип“.

Фото: Баже Ангеловски

Ванчо Прке-Виница
Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип
Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип
Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип
Ацо Русковски-Берово
„Миле Јаневски Џингар„- Македонска Каменица 3
„Миле Јаневски Џингар„- Македонска Каменица 2
„Миле-Јаневски-Џингар„-Македонска-Каменица