Македонија и утре во портокалова фаза – заштитете се!
Високи температури на територијата на целата држава за утрешниот ден најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Македонија, на целата територија ќе биде во портокалова фаза, на граница од црвена – фаза која претпоставува два дена по ред температури над 40 степени Целзиусови.
Сепак, прогнозата на УХМР се дека во Скопје температурата ќе се искачи до 38 степен, додека 40 се предвидува само за Демир Капија и Гевгелија, на крајниот југ.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.