Македонија го совлада Косово и е на чекор до ЕП во фудбал


Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Косово со 2:1 (2:1) и се пласираше во финалето на плеј-офот од Лигата на нациите и ќе се бори за пласман на Европско првенство 2021 година.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, резултатот го отвори Кололи со автогол во мрежата на гостите, израмни Флорент Хадерѓонај за Косово, а само неколку минути подоцна Велковски, по асистенција на Енис Барди, го постави конечниот резултат за радост на македонската нација.

До крајот македонскиот состав ја задржа предноста, иако имаше шанси за погодок и на двете страни.

Големото финале против Грузија ќе се игра на 12 ноември на стадионот „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси.