Македонија фаворит по затворања, ретко изрекува казна без лишување од слобода


Изрекувањето на условни и алтернативни казни значајно е зголемено во Македонија минатата година, но и покрај тоа во овој поглед сме на дното споредено со другите земји членки на Советот на Европа. Според годишната казнена статистика објавена денес од Стразбур во Македонија лани за 72 отсто се зголемило изрекувањето казни без лишување од слобода, како  условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и куќен затвор, но и натаму има само 15 вакви казнувања на 100.000 жители наспроти Полска која е на врвот и изрекува 634. Со оглед на тоа какво „сито и решето“ е казнениот систем во Македонија тоа значи дека  малкуте што одговараат во државата главно добиваат затворска казна.

Според Стразбуре во 18 земји покрај Македонија има значително зголемување на стапките на населението со условна казна: Северна Македонија (+72%) , Србија (+31%), Бугарија (+19%), Ирска (+14%), Шведска (+14%), Белгија (+11%),  Шпанија (+10%), Хрватска (+9,7%) %), Франција (+9,4%), Англија и Велс (Обединето Кралство) (9,1%), Литванија (+8,6%), Украина (+8,4%), Италија (+7,8%), Португалија (+7,3%), Финска (7,2%), Каталонија (Шпанија) (+5,8%), Словенија (5,6%), Латвија (5,6%) и Турција (+5,2%).

Професорот Марсело Аеби, директор на истражувањето  рече: „Покрај општиот тренд од 1990-тите, системите на кривичната правда кои сè повеќе користат алтернативни мерки за затворање со цел да ги задржат престапниците во заедницата и да ја фаворизираат нивната социјална вклученост“.

Држави со највисоки стапки на условна казна лани беа Полска (634 пробационери на 100.000 жители), Литванија (591), Грузија (499) и Турција (419), додека како земја со  најниски стапки се посочува Северна Македонија (15 пробационери на 100.000 жители), чијашто агенција за пробација започна со работа дури во 2019 година и Црна Гора (17).