Македонија 14-ти трговски партнер на Германија меѓу 29 земји од Источна Европа


Зголемувањето на платите е можно само со паралелно зголемување на продуктивноста: Патрик Мартенс

Според последните статистички податоци направени во врска со трговската размена на Германија и 29-те земји од источна Европа, Северна Македонија се наоѓа на 14-тата позиција, соопшти Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство во неговата Утринска телеграма, што ја споделува преку официјални имеил пораки и преку социјалните мрежи.

„Трговската размена во 2019 година помеѓу Германија и Северна Македонија изнесуваше 4,4 милјарди евра што претставува 10,8 отсто зголемување на извозот кон Германија во спорeдба со 2018 и 4,2 отсто зголемување на увозот од Германија кон Северна Македонија“, вели Мартенс.

Тој додаде дека Виенскиот институт за меѓународни студии и истражувања во стопанството за 2020 година прогнозира стопански раст во висина од 3,4 отсто за Северна Македонија.

Инаку, како што додава, актуелна публикација на ОЕЦД, за југоисточна Европа покажува дека Западен Балкан направи прогрес од основно индустриско производство кон производство на средни технологии, што придонесува за  зголемување на инвестициите.

„Следниот чекор  мора да се движи во насока на  високо-технолошко индустриско производство“, се вели во пораката. (Н.В.)