Македонец украл четири автомобили во една вечер на хрватскиот остров Брач


Државјанин на Македонија, на возраст од 22 години, вечерта за православниот Божиќ, на 7 јануари, украл четири автомобили на хрватскиот остров Брач, соопшти полицијата.

Според „Индекс“, уште вечерта бил фатен и уапсен, по што го пренеле во притворското одделение во полицијата на Брач.

Младиот крадец однел три возила од селото Нережишќе и едно во градот Супетар, а со еден од автомобилите направил сообраќајна незгода и штета која се мери во илјадници евра, велат од полицијата.