Македонец се изгубил кај Бар: Спасувачите во чудо како се качил на брдото


Четириесетгодишен македонски државјанин спасил глава откако се изгубил во шума над железничкиот тунел Ратац во близина на Бар, Црна Гора. Еден час и петнаесет минути траела акцијата за спасување на Службите за заштита и спасување.

Според црногорските медиуми, спасувачите биле во чудо како Македонецот се нашол на брдото, несоодветно облечен, на 150 метри над пругата. Го пронашле пожарникари. Нашинецот бил заглавен на непристапен терен.

„Во авантурата, Македонецот ги скинал влечките, па бос не можеше да се движи низ трње“, пренесуваат подгоричките весници.

Началникот на службата за спасување, Амир Муслиќ изјави дека човекот не е повреден, освен ситни гребнатинки по нозете.