Македонците во Швајцарија само со самоизолација

Швајцарската Влада објави список со 29 земји чии граѓани ќе треба да се регистрираат кај надлежните органи на таа држава по пристигнувањето и да одат во самоизолација со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

На списокот се наоѓаат САД, Шведска, Бразил, Русија, Белорусија, Северна Македонија и други, што се оценети како земји со висок ризик на зараза.

Патниците кои биле во тие земји во претходните 14 дена, мораат да ги известат швајцарските власти при пристигнувањето и да одат во карантин во рок од 10 дена, соопшти швајцарската Влада.

Списокот на држави, како што се наведува, постојано ќе се ревидира со оглед на развојот на ситуацијата.