Македонците од Албанија бараат помош од матичната држава

Се бара меѓудругото Албанија да обезбеди изучување на македонскиот јазик во сите средини каде што живеат Македонците


Национална стратегија за институционална поддршка на македонското малцинство во Албанија побара единствената партија на Македонците во Албанија на денешната средба во Корча, што ја организираше со претставници од главните парламентрани партии од Македонија. Ги информираше за исклучително тешката состојба и агресивната асимилаторска политика што ја спроведува Бугарија врз македонскоот население, која кулминираше на последниот попис. Со точно утврдени чекори во стратегијата, Македонците во Албанија  бараат поддршка во сите сфери – економската, потоа во рамките на образованието и културата.

„Македонското национално малцинство во Албанија е составен дел од македонскиот народ со трајни историски, културни и духовни врски со својата матична држава. Со оваа стратегија очекуваме да се обезбедат правата на македонското национално малцинство во Албанија, да се даде поддршка за целосна примена на законските права на Македонците во Албанија согласно меѓународните стандарди и да се поттикнат процесите за негово признавање и официјално евидентирање во региони каде што постои, но не е признато“,рече Васил Стерјовски, лидер на МАЕИ.

Според него, се бара од Албанија согласно меѓународните конвенции да обезбеди услови за изучување на македонскиот јазик во сите средини каде што живеат Македонците. Во стратегијата е опфатено и барањето за повторно отварање на училиштата на македонски јазик во областа Голо Брдо и во областа на Гора, како и подготовка на учебници на македонски јазик за училиштата во Албанија, во согласнот со наставните програми, што би би печатела албанската држава.

Во делот на културната поддршка се бара можност за организирање на културни манифестации и фестивали поврзани со македонско културно наследство, како и издавање книги, списанија и медиуми на македонски јазик во Албанија, но и помош за отварање на радио станица на македонски јазик.За дипломатските активностисе предлага збратимување на Битола и Корча, но и отварање на генерален конзулат на Македонија во Корча.

Како екомонски развој се бара поддршка за македонски инвеститори да известираат во регионите каде живеат Македонците во Албанија, како и помош за развој на туризмот покрај Преспанското езеро. Се бара и 24-часовно функционирање на гранишниот премин Џепиште-Требениште кај Дебар, кој досега е од локален карактер.МАЕИ бара и поедноставување на процедурите за македонско државјанство за Македонците од Албанија.

Според МАЕИ, оваа предлог-стратегија на состанокот во Корча е поддржана од сите претставници на парламентарните политички партии, како ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Демократски сојуз и Левица.Во Корча денеска присуствуваа Лилјана Затуроска и Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ, Методија Илиевски од СДСМ, Катерина Тодоровска од ЗНАМ, Димитар Апасиев од Левица, Зоран Димитриевски и Зоран Петров од Демократскиот сојуз и Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија.

Од страна на МАЕИ присутни беа претставници од областите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник, како и од градовите Корча, Подградец, Елбасан и Тирана.