Македонци со бугарски пасоши се сомничат за манипулации пред изборите на 11 јули


Средбата за манипулирање на гласовите наводно се одржала во Ќустендил

Министерството за внатрешни работи на Бугарија се сомнева дека Македонците со бугарски пасош учествуваат во нелегални шеми за манипулирање со претстојните парламентарни избори на 11 јули во Бугарија, пишува „Еурактив“.

Според бриселскиот медиум актуелниот привремен министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, изјавил дека поранешниот министер за внатрешни работи Христо Терзиски разговарал за тоа како да привлече 15.000 Македонци со бугарско државјанство за да можат да гласаат во Бугарија.

Претстојните избори се целосно неизвесни затоа што двете главни партии, ГЕРБ и Има такoв народ, имаат речиси еднаква поддршка, па евентуални 15.000 гласови можат да дадат помеѓу 1 и 2 места во бугарскиот парламент.

На претходните избори на 4 април интересот на Македонците со бугарски пасоши да гласаат беше екстремно низок, гласаа само околу 500 лица од околу 100.000 луѓе што се стекнале со бугарско државјанство и тоа директно покажа интересот за тоа е само поради можноста да се работи во земјите на ЕУ.

Поранешниот министер за внатрешни работи Терзииски ја повика полицијата да дејствува со сила доколку има докази за кривично дело. Случајот е испитуван од полицијата и обвинителството.

Средбата за изборите се одржала во Ќустендил и наводно на неа учествувале двајца Македонци со бугарски пасош и еден Бугарин од Ќустендил. Терзииски, кој е од Ќустендил, не негираше дека учествувал на состанокот. Тој е кандидат за ГЕРБ на претстојните избори и ги нарече наводите на Рашков „клеветнички навестувања“.